Министерството за транспорт и врски и меѓународната групација Bureau Varitas, потпишаа договор со кој Биро Варитас се овластува да врши услуги поврзани со издавање или обновување на сертификати за пловни објекти за внатрешна пловидба кои пловат под македонско знаме. Како што е соопштено Биро Варитас ќе врши инспекции и прегледи на пловни објекти кои пловат под македонско знаме во внатрешните водни патишта, езера и асимилирани води, со цел утврдување дали овие пловни објекти ги исполнуваат важечките правила, заради издавање или обновување на соодветен сертификат. Оваа институција има право да побара поправка или преземање на корективни дејствија заради отстранување на недостатоците, кај пловните објекти. Bureau Varitas e меѓународна групација специјализирана во областа на инспекции, анализа и сертифицирање на производи и инфраструктурни објекти. Групацијата е формирана е во 1828 во Белгија, а до сега е присутна во 140 држави преку мрежа од 900 филијали, со повеќе од 39.000 вработени и 370.000 клиенти.
Министерството за транспорт и врски и меѓународната групација Bureau Varitas, потпишаа договор со кој Биро Варитас се овластува да врши услуги поврзани со издавање или обновување на сертификати за пловни објекти за внатрешна пловидба кои пловат под македонско знаме.
Како што е соопштено Биро Варитас ќе врши инспекции и прегледи на пловни објекти кои пловат под македонско знаме во внатрешните водни патишта, езера и асимилирани води, со цел утврдување дали овие пловни објекти ги исполнуваат важечките правила, заради издавање или обновување на соодветен сертификат.
Оваа институција има право да побара поправка или преземање на корективни дејствија заради отстранување на недостатоците, кај пловните објекти.
Bureau Varitas e меѓународна групација специјализирана во областа на инспекции, анализа и сертифицирање на производи и инфраструктурни објекти. Групацијата е формирана е во 1828 во Белгија, а до сега е присутна во 140 држави преку мрежа од 900 филијали, со повеќе од 39.000 вработени и 370.000 клиенти.